Top Sport

Кирјос вели дека може да победи било кого, ќе ужива во улогата на „злосторник“ на Вимблдон

Австралиската тениска ѕвезда Ник Кирјос вели дека е подготвен да победи било кого на Вимблдон и посочи дека ќе ужива во улогата на „злосторник“ на овогодишниот гренд слем кој стартува утре во Лондон.

Контроверзниот Кирјос се „проби“ на тениската сцена токму на Вимблдон кога го победи тогашниот светски број 1, Рафаел Надал во своето деби на пат до четврт-финалето во 2014, но оттогаш тој го нема поминато четврт-финалето на ниту еден гренд слем, станувајќи попознат по своите контроверзни изјави, расправиите со судиите и сервисите „под рака“.

„Среќен сум од моето ниво. Играв со топ 10 тенисери оваа година и направив да изгледаат сосема обично. Играм добро, и можам да влезам во нова брзин кога ќе посакам. Ако сервирам добро, можам да победам било кого, бидејќи претходно сите сум ги победил. Почнувам против Британец (Пол Џаб) и знам дека публиката ќе биде против мене. Но, навикнат сум да ја носам таа шапка, да биам злосторник и ќе уживам. Публиката знае дека носам енергија на било кој меч“, вели Кирјос.

Scroll to Top