Искусниот аргентински фудбалер, Фернандо Гаго, синоќа поради повреда пред време мораше да го заврши финалниот реванш, во Копа Либертадорес, помеѓу Ривер Плата и Бока Јуниорс.
Гаго на теренот влезе во 89.минута, а се повреди на четири минути до крајот на второто продолжение.
Кога тргна кон аут-линијата им порача на неговите од клупата: „Пукна Ахиловата тетива“.
Поранешниот играч на Реал, претходно во 2015 и 2016 година се соочил со оваа повреда, а она што е неверојатно е дека три пати тоа му се случувало на натпреварите со Ривер Плата.
Во 2015 година, Гаго, се повредил по само 23 секунди игра, поради што морал да паузира шест месеци. Една година подоцна на теренот минал 44 минути.
Гаго има 32 години, што значи дека повредата на Ахиловата тетива може да стави крај на неговата професионална кариера.