Top Sport

Гаитан кариерата ќе ја продолжи во Чикаго

Поранешниот репрезентативец Николас Нико Гаитан го напуштил Далиан Јифанг и се преселил во Чикаго Фајер.

Далиан, за да ги испочитуваат прописите околу бројот на странци во тимот, морале да го продадат Гаитан откако во тимот го засили Марек Хамшик од Наполи.

Гаитан во Кина играше една година, а претходно бил играч на Атлетико Мадрид, Бенфика и Бока Јуниорс.

Во новиот клуб соиграч на Гаитан ќе му биде прославениот Германец, Бастијан Швајншајгер.

Scroll to Top