Натпреварот помеѓу Кадиз и Валенсија (2:1), одигран вчера во Ла Лига, мина во расистичкиот скандал. Хуна Кала од Кадиз, го навредил Муктар Дијакаби, играчот на Валенсија го напушти теренот, а од солидарност, истото го направија и неговите соиграчи.
Играчите на Валенсија, без Дијакаби, 20 минути подоцна се вратија на теренот. Капитенот, Хосе Гаја, рекол дека морале да се вратат на теренот, бидејќи им се заканиле со жестоки санкции. И самиот Дијакби ги замолил да го доиграат натпреварот.
„Ни кажаа дека доколку не се вратиме дека ќе ги изгубиме бодовите во овој меч и дека веројатно ќе следува и казна со одземање на бодови. Дијакаби не замоли да го доиграме мечот, ни не сакавме да излеземе на теренот. Тој не сакаше да го продолжи натпреварот“, рекол Гаја, истакнувајќи дека навредата била многу грда.
„Не сакам да го изговорам она што Кала му го кажа да Дијакаби. Кала последен го напушти теренот, не стигнав да разговарам со него“.
? Scène très étonnante et match arrêté à Cadix
? En pleine action, l'ancien Lyonnais Mouctar Diakhaby a coupé toute volonté de jeu pour aller régler des comptes avec un adversaire qui venait de lui parler. pic.twitter.com/G0i5F80LFB
— Info?️ Max (@InfoAuMax1) April 4, 2021