Top Sport

Галагер се договорил со Атлетико Мадрид

Атлетико Мадрид подготвува уште еден голем трансфер. Откако на „Метрополитано“ пристигнаа репрезентативците на Шпанија и Норвешка, Робин Ле Норман и Александер Серлот, во клубот го чекаат англискиот репрезентативец Конор Галагер.

Галагер е капитен на Челси, но за него повеќе нема место на „Стенфорд Бриџ’. Астон Вила покажа сериозен интерес за него, но како што објаво трансфер-инсајдерот, новинарот Фабрицио Романо, Галагер решил да ја прифати понудата од Мадрид.

Репрезентативецот на Англија со „јорганџиите“ ќе потпише петгодишен договор, а Челзи, кој претходно се согласи да продаде, ќе заработи околу 40.000.000 евра.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');