Галатасарај го совлада Бешикташ со 2:0 во дербито на 31. коло на турската Суперлига, за да се врати на првото место на табелата и да направи предност од четири поени пред градските ривали во една од најнеизвесните трки за титула во европските шампионати.
Фернандо во 23. минута ја загреа „Турк телеком арената“ за водство од 1:0, а домаќините не паднаа во духот ниту во 66. минута, кога Гомис утна пенал – само четири минути подоцна Родригес донесе 2:0 водство за Галата.
Со победата, Галатасарај е на првото место во Турција со 66 поени, Башакшехир има 65, Фенербахче 63, додека „орлите“ на Бешикташ се на четвртото место со 62 поени. До крајот на шампионатот има само уште три кола.
Фото: ЕПА