Top Sport

Виола и Симеоне Јуниор ги уништија надежите за титула на Наполи (видео)

Фиорентина го совлада Наполи со 3:0 на „Артемио Франки“ за да стави крај на реалните надежи на „партенопеи“ дека може да стигне Јувентус и да се освои титулата во Италија. Човек на одлука беше Џовани Симеоне, кој со хет-трик ги уништи надежите на навивачите на Наполи

По херојскиот триумф над Јуве, тимот од јужна Италија беше сигурен дека може да се направи чудо, но сега по овој пораз, и по вчерашната драматична победа на Јувентус над Интер, разликата повторно е четири поени на три кола до крајот на шампионатот.

Мечот за гостите беше одлучен уште во осмата минута, кога Калиду Кулибали, херојот од мечот во Торино, направи груб фаул во гостинскиот шестнаесетник и доби директен црвен картон. Со десет играчи на теренот, Наполи не успеа да се одбрани, и прими гол преку Џовани Симеоне во 34. минута, откако тој доби една долга топка од Бираги.

Симеоне повторно „удри“ на Наполи во 62. минута, кога по еден корнер и слабата интервенција на голманот Реина, ја протна топката во голот за 2:0. Аргентинецот го комплетираше хет-трикот во 93. минута за нова импресивна партија

Фото: ЕПА

Scroll to Top