Top Sport

Галата не дозволи Башакшехир да избега премногу (видео)

Башакшехир и Галатасарај одиграа уште едно бурно истанбулско дерби кое заврши без победник (1:1) и со кое актуелниот шампион Галата не дозволи Башакшехир да направи голема предност на првото место во Турската Суперлига.

Сега, Башакшехир останува прв на табелата со 60 поени, два повеќе од Трабзонспор, додека Галатасарај се на четвртото место со 52 поени на пет кола пред крајот на шампионатот.

Србинот Данијел Алексиќ во 51. минута од мечот доби фантастична топка од Ирфан Кавечи за да ги донесе Башакшехир во водство, меѓутоа Галата израмни преку Емре Акбаба 15 минути подоцна.


Scroll to Top