Top Sport

Ред бул Салцбург со седма австриска титула во низа

Американскиот тренер Џеси Марш ја запечати својата прва сезона на клупата на Ред бул Салцбург со двојна титула во Австрија, откако во неделата со 3:0 го совладаа тимот на Хартберг, додека најблискиот ривал ЛАСК Линц загуби дома со 0:1 од Волфсбергер.

Ова е седма титула во низа во Австрија за тимот во сопственост на милијардерот Дитрих Матеишиц, и до неа се стигна со стил со +70 позитивна гол-разлика, иако им помогна казната од четири поени на ЛАСК поради прекршување на правилата со тренинзи за време на пандемијата на корона вирусот.

Американецот Марш пак, пристигна во Салцбург од другиот клуб во сопственост на Ред бул, Њујорк ред булс, со кој не успеа да стигне до МЛС купот и покрај тоа што редовно беа во борба за титулата.

Scroll to Top