Турските власти почнаа со истрага против фудбалскиот клуб Галатасарај откако навивачите на клубот на дербито со Фенербахче покажуваа транспарент со Силвестер Сталоне во улогата на Роки, поради наводно скриената порака од Фетулах Гулен, еден од најголемите противници на претседателот Реџеп Ердоган.
Покрај ликот на Роки на транспарентот стоеше „стани“ и „тие ти се чинат големи бидејќи клечиш“. Во понеделникот турскиот премиер Бинали Јилдирим најави дека мора да има истрага околу Гулен, кого Анкара го обвинува за обидот за државен удар во 2016 година, бидејќи се однесува на еден говор на Гулен. Од клубот ги отфрлаат обвинувањата.
„Ова е патетичен напад на пиуните и троловите од социјалните мрежи. Нашите навивачи уште во мај го имаа истиот транспарент“, велат од Галатасарај.
Транспарентот го забележа и самио Сталоне покажувајќи го на Твитер.
„Неодамна на многу важен натпревар во Турција“, напиша актерот.