За среќа, Галатасарај во претходното коло со победата на директниот ривал за титулата Башакшехир го обезбеди трофејот од Турската суперлига, бидејќи во последниот меч од сезоната загуби неочекувано со 4:3 на гостувањето кај Сиваспор.
Дека трофејот ќе заврши во рацете на „лавовите“ беше јасно и пред последното коло, поради предноста од 3 поени пред Башакшехир и подобрата гол-разлика, а потврдата стигна во мечот од 18 час, кога Башакшехир одигра 1:1 со Аланија.
Против Сива, Галата започна фуриозно поведувајќи со 0:2 по 34 минути игра, но потоа Сиваспор, кои немаа победа во последните пет меча, направија целосен пресврт и стигнаа до победа од 4:3, која на крајот беше неважна.
ТУРСКА СУПЕРЛИГА, 34. КОЛО
Башакшехир – Аланија 1:1
Бешикташ – Касимпаша 3:2
Ризеспор – Трабзон 2:3
Сиваспор – Галатасарај 4:3