Галатасарај се пред договор со Тотенхем за да ги купат Давинсон Санчез и Танги Ндомбеле, бидејќи во Турција уште не е завршен преодниот рок, тврдат британските медиуми.
Галата и Тотенхем веќе се договориле за трансфер од 10 д 15 милиони евра за централниот бек Санчез, кој ќе потпише четиригодишен договор со турскиот шампион.
Тие се блиску до договор за позајмица за фудбалерот од средниот ред, Танги Ндомбеле, кој минатата година беше на позајмица во Наполи и не е пожелен во тимот на Ејнџ Постекоглу.