Тангуј Ндомбеле би можел да се пресели од Тотенхем во Галатасарај, објави турскиот весник „Фанатик“.
Турскиот гигант веќе ги договорил личните услови со 26-годишниот Французин, пишува изданието.
Лондонскиот тим веќе одби понуда од Галатасарај вредна 8 милиони евра и бара минимум 10 милиони евра за реализација на трансферот.
Минатата сезона Ндомбеле играше како позајмен во италијанскиот калчолигаш Наполи, со кој ја освои титулата во Серија А.
Фудбалерот од средниот ред имаше 40 настапи во сите натпреварувања, постигнувајќи два гола и една асистенција за Наполи.