Top Sport

Галатасарај и Челзи го договориле трансферот на Зијеш

Мароканскиот фудбалер Хаким Зијеш наскоро би можел да стане новото засилување на Галатасарај. Турскиот клуб успешно ги заврши преговорите со Челзи, а деталите засега се непознати.

Зијеш, пред да го потшише договорот, ќе треба да ги мине медицинските тестови. Во јануари, тој беше пред преселба во ПСЖ, но позајмицата не беше реализирана, бидејќи документите за негова регистрација не беа испратени на време.

Зијеш дојде во Челзи во 2020 година, кога на Ајакс му плати 40 милиони евра за неговите услуги.

На „Стемфорд Бриџ“, не успеа да се наметне, поради карактерот и лошата фрома. Неговата минутажа варираше во зависност од менаџерот кој ги предводеше „сините“.

Пред еден емсец, Мароканецот сакаше да се пресели и во Ал-Наср, но трансферот пропадна бидејќи при медицинските тестови беше утврдено дека има проблеми со повреда.

Зијеш е најдобар на десно крило, но може да игра и како офанзивен играч за врска. За време на престојот на „Стемфорд Бриџ“, одигра 107 натпревари, постигна 14 гола и забележа 13 асистенции.

Во текот на кариерата настапуваше и за Твенте и Херенвен.

Scroll to Top