Top Sport

Галатасарај официјално го купи Ѕаниоло за 16.5 милиони евра

Галатасарај и Рома го потврдија трансферот на италијанскиот репрезентативец Николо Ѕаниоло во турскиот клуб, така ставајќи крај на долгата сага во која 23-годишниот Ѕаниоло успеа да издејствува трансфер, иако во неочекуван тим.

Ѕаниоло не успеа да се договори со Милан за трансфер со кој би останал во Италија, за потоа првично да ја одбие понудата од Борнмут во Премиерлигата, за потоа предоцна да се предомисли. Така тој остана дел од Рома и покрај желбата за трансфер, пред да се договорат со Галатасарај, со кои тој ќе потпише четирииполгодишен договор со плата од 3.5 милиони евра по сезона.

Галатасарај ќе плати на Рома 16.5 милиони евра, плус 13 милиони во можни бонуси.

Ѕаниоло се приклучи на Рома во 2018 година од Рома, и имаше 128 настапи за клубот во сите натпреварувања, постигнувајќи 24 гола, од кои и клучниот за победа во Конференциската лига минатата сезона.

Scroll to Top