По напорната фудбалска сезона, во која со Реал Мадрид стигна само до титула од Копа дел реј, а со Хрватска загуби во финалето на Лигата на нации, Лука Модриќ го почна летниот одмор на луксузна јахта во близината на Дубровник.
Според хрватските медиуми се работи за „Ferretti Custom Line 120 Erolia“ јахта, со капацитет за 10 луѓе, кој чини над 160.000 евра.
Капитенот на хрватската репрезентација го започна одморот во малото градче Сребрено во близината на Дубровник со членови на своето семејство и со пријателите.