Поради најавите за невереме и грмотевици, Македонија го одржа официјалниот тренинг на „Олд Трафорд“ три часа порано од предвиденото.
Момците на Благоја Милевски имаа шанса да го „почувствуваат“ славниот терен на Манчестер јунајтед пред утрешниот квалификациски меч за ЕУРО 2020, кој доаѓа по незгодниот домашен 2:3 пораз од Украина.