Top Sport

Галициското дерби за Селта (видео)

Селта де Виго стигна до импресивна 3:1 победа на „Риазор“ за да го добие галициското дерби и да ги остави Депортиво Ла Коруња во зоната за испаѓање пред божиќните и новогодишните празници.

Голот на Вас уште во првите минути од мечот го диктираше натпреварот, по што Јаго Аспас додаде два гола за целосен „распад“ на играта на Ла Коруња.

Мечот, интересно, како и многупати во пресметката меѓу двата тима од Галиција, почна со заедничко пеење на галициската химна, но пријателството заврши веднаш кога почна натпреварот.

Scroll to Top