Top Sport

Кејн-шоу во Барнли за израмнување на рекордот на Ширер (видео)

Хери Кејн со фантастични три гола на гостувањето кај Барнли им донесе на Тотенхем победа од 0:3 и го израмни рекордот на Алан Ширер од 36 голови во Премиер лигата во една календарска година, за да покаже зошто е еден од најпосакуваните фудбалери во модерниот фудбал.

Барнли можеби беа на шестото место пред мечот и едно најпријатните изненадувања во Премиер лигата оваа сезона, меѓутоа едноставно немаа решение за расположениот англиски голгетер. Кејн погоди во седмата минута од пенал, и потоа во 69. и 79. минута за одлична победа со која Тотенхем се искачи на петтото место во Премиер лигата, со ист број на поени со вечните ривали Арсенал, но со подобра гол-разлика.

Кејн има уште еден меч во 2017 година, така што може да го помине рекордот на Алан Ширер, кој во 1995 година ги постигна своите 36 гола за тимот на Блекбурн роверс, кои благодарение на неговите квалитети станаа шампиони.

Scroll to Top