Top Sport

Галијани: Доста е со казните за Јувентус

Генералниот директор на Монца и поранешен прв човек на Милан, Адријано Галијани вели дека Јувентус платиле доволно во случајот со финансиските нерегуларности и дека нема потреба за дополнителни казни.

„Бјанконерите“ беа казнети со 10 поени во Серија А оваа сезона поради вештачко зголемување на вредноста на нивните трансфери, а исто така работат на план за договор со Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ) околу нелегалната исплата на платите за време на пандемијата на КОВИД, така што нема да има дополнителна казна со поени во новата сезона.

„Мислам дека Јуве платија доволно, бидејќи со казната со поени останаа без Лигата на шампиони и завршија на седмото место. Доста со казните“, вели Галијани.

Scroll to Top