Top Sport

Комисо бесен по поразот на Фиорентина: Во Вест Хем се животни!

Претседателот на Фиорентина, Роко Комисо ги опиша Вест хем како животни по поразот на неговиот тим во финалето на Конференциската лига во Прага со 2:1.

Горчината од поразот, Комисо ја насочи кон шпанскиот судија Карлос дел Серо Гранде, откако српскиот напаѓач Лука Јовиќ доби скршен нос и мораше да биде заменет по 45 минути откако му беше поништен гол, а капитенот Кристијано Бираги доби удар во главата од предмет фрлен од навивачите на англискиот клуб при изведување на корнер. Комисо вели дека веќе разговарал со претседателот на Премиерлигата, Ричард Мастерс.

„Што да кажам? Очекував победа. Но, имаше случаи кога судијата мораше да реагира подобро. Јовиќ го скрши носот, а потоа Бираги… Зборував со претседателот на Премиерлигата и му кажав дека се животни според тоа како се однесуваа кон нашите фудбалери. Поразот не е фер. Требаше да победиме со 3:0 и жал ми е за навивачите кои заслужуваат повеќе“, изјави Комисо по враќањето во Фиренца.

Ова е втор пораз во финалињата за Фиорентина откако на 24 мај загубија во финалето на Копа Италија од Интер, но Комисо потврди дека Винченцо Италијано останува тренер и следната сезона.

Scroll to Top