Адријано Галијани поранешниот потпретседател на Милан во интервју за „Топ Калчо 24“ открил во кој период славниот клуб започнал да тоне. Милан кон крајот на 80 и почетокот на 90 години од минатиот век беше најмноќниот клуб во светот. Играчите кои во клубот ги донесоа Силвио Берлускони и Адријано Галијани освоија осум „Злати топки“.
„Да не се правиме луди, Милан започна да се урива откако ги продадовме големите ѕвезди“, рекол Галијани алудирајќи на 2012 година и продажбата на Златан Ибрахимовиќ и Тијаго Силва.
„Ја освоивме титулата во сезоната 2011/2012, наредната малку ни недостигаше да ја одбраниме титулата. Во финишот на првенството останавме без трофејот. Ние згрешивме, сакавме да го освоиме и Купот на Италија и поради тоа премногу го оптоваривме Тијаго Силва. Да не играше во полу-финалето работите ќе беа поинакви“, рекол Галијани и продолжил.
„Сонот ми беше да го донесам Карлос Тевез. Да го донесевме ќе бевме шампиони во 2012 година. Сонував напаѓачкиот тандем да биде Ибрахимовиќ-Тевез“.
Милан во сопственост на Берлускони беше 31 година, во 2017 година тој им го продаде клубот на кинески инвеститори. Берлускони и Галијани денес се во Монца.