Поранешниот генерален директор на Милан, Адријано Галијани, денес има слична функција во новиот клуб на Силвио Берлускони, Монца. Овој тим избори пласман во Серија Б, а планот на Берлускони е во наредните сезони да стигне и до Серија А.
Галијани во Монца е задолжен за трансферите, истото го правеше и во Милан, кога клубот беше еден од најдобрите во светот.
За „Скај Спорт Италија“, Галијани истакнал дека ја пропуштил можноста да го донесе Карлос Тевез во Милан и дека жали што Златан Ибрахимовиќ и Тијаго Силва го напуштиле клубот.
„За два моменти најмногу жалам. Првиот е Тевез, се сеќавам и на датумот кога се случуваше тоа, беше 12 јануари 2012 година“, рекол Галијани и дополнил.
„Вториот е продажбата на Ибрахимовиќ и Тојаго Силва. По осум години еден од нив се врати во Милан, а вториот е во Челси. Беа меѓу најважните играчи на ПСЖ во изминатите сезони“.
Ибрахимовиќ и Силва во 2012 година „во пакет“ заминаа во ПСЖ за нешто повеќе од 60 милиони евра. Многумина веруваат дека нивната продажба го означи крајот на ерата на Берлускони во Милан.