Top Sport

Галтие го наплати отказот

Кристоф Галтие една сезона се задржа на клупата на ПСЖ. Доби отказ откако доживеа фијаско во Лигата на шампионите и не успеа да ја освои двојната круна во Франција. ПСЖ испадна од Купот, а успеа да ја одбрани титулата во Лига 1.

Минатото лето, Галтие потпиша две годишен договор, со месечна плата од 665.000 евра. Бидејќи доби отказ, клубот ќе мора да го обесштети.

Француските медиуми објавија дека тренерот со клубот се договорил да му бидат исплатени 6.000.000 евра.

Втора година по ред ПСЖ треба да му исплати отштета на отпуштениот тренер. Кога Маурисио Покетино доби отказ, ПСЖ му плати 10 милиони евра. Рекордното обештетување е 22 милиони евра, кое ПСЖ му го плати на Лоран Блан во 2016 година откако беше елиминиран во четвртфиналето на Лигата на шампионите од Манчестер сити.

Scroll to Top