Аргентинската ѕвезда Лионел Меси преговара со раководството на Пари Сен Жермен за продолжување на соработката до јуни 2024 година, со опција и за уште една дополнителна година. Ова го потврди и тренерот Кристоф Галтие истакнувајќи дека Меси е среќен со престојот во Париз.
„Клупските челници преговараат со него, но јас не знам повеќе од тоа. Знам само дека е среќен во Париз“, изјави Галтие.
ПСЖ најверојатно ќе се обиде да го продаде Бразилецот Нејмар.