Top Sport

Галтие на клупата на катарски Ал Духаил

Поранешниот тренер на ПСЖ, Кристоф Галтие, потпиша договор со катарскиот шампион Ал Духаил, објави денеска клубот од Доха.

Францускиот 57-годишен стратег доаѓа на местото на поранешниот аргентински репрезентативец Ернан Креспо, кој минатата сезона ја освои шампионската титула со Ал Духаил.

Катарскиот клуб е петтиот во тренерската кариера на Галтие, кој досега ги предводеше Сент Етијен (2009-2017), Лил (2017 – 2021), Ница (2021-2022) и ПСЖ (2022-2023).

Галтие во ноември треба да се врати во Франција каде го очекува почеток на судски процес по обвинение за расизам.

Scroll to Top