Пари Сен Жермен синоќа го победи Лион со голот на Лионел Меси на асистенција на Нејмар. Бразилецот беше разочаран и лут кога тренерот го замени во 86. минута и го внесе Карлос Солер.
„Во вакви натпревари, големите играчи како Неј и Меси, мора да се истакнат. Нејмар работеше многу за тимот. Излезе малку лут, но тоа е нормално. Неговото однесување е беспрекорно”, изјави Галтје и дополни.
„Нејмар ни го дава најдобриот баланс. Има интензитет и е дарежлив кон тимот, има технички квалитет. Тој е одличен шоумен“, додаде тренерот на францускиот шампион.
Во текот на летото имаше шпекулации дека Нејмар би можел да го напушти Пари Сен Жермен бидејќи управата не била задоволна од неговото однесување. Исто така, медиумите изјавија дека Бразилецот не се согласува најдобро со соиграчот Килијан Мбапе, што и двајцата демантираа.