Top Sport

Гамеиро и Гризман го „прегазија“ Леванте (видео)

Атлетико Мадрид стигна до импресивна 5:0 победа на гостувањето во Валенсија кај Леванте, во меч во кој Антоан Гризман го продолжи враќањето во форма со два гола, а македонскиот репрезентативец Барди одигра 90 минути за домаќините.

Победникот на мечот можеби беше решен уште во првите 45 минути, кога прво Робер уште во петтата минута си постигна автогол, пред Кевин Гамеиро да го искористи киксот на голманот Ојер за да зголеми на 0:2. Французинот го постигна својот втор гол во 59. минута, пред на сцена да стапи Гризман со два гола за три минути – првиот по одлична асистенција на Гамеиро.

Со победата, Атлетико се врати на третото место во Ла лига со 27 поени (исто како и Реал), седум помалку од првопласираната Барселона и три помалку од Валенсија. Барселона утре гостува на „Месталја“ во борба за врвот на шпанскиот фудбал.

ЛА ЛИГА, 13. КОЛО

Реал Мадрид – Малага 3:2

Реал Бетис – Џирона 2:2

Леванте – Атлетико Мадрид 0:5

Кралевите миленици на среќата, Реал ја победи Малага (Видео)

Scroll to Top