Top Sport

Кралевите миленици на среќата, Реал ја победи Малага (Видео)

Фудбалерите на Реал Мадрид ја победија Малага 3:2 во рамките на 13.коло во Ла Лига. Мечот го обележа судијата Хесус Хил Манзано кој во финишот на првиот дел и пониши гол на Малага, а пропушти да досуди по пенал за двата тима, кога тоа се очекуваше.

Реал не блескаше, Млага одигра храбро и само поради несмасната рекација на Хернандез во 75.минута му овозможи на Реал да го постигне победничкиот гол.

„Кралскиот клуб“ до предност стигна со голот на Бензема по девет минути игра, кој во мрежата ја спроведе топката која по обидот на Роналдо заврши во гредата.

Девет минуит подоцна Малага израмни преку Ролан, кој добро се снајде пред голот на Реал по додавањето од Кеке.

Резултатот 1:1 беше активен само три минути. Каземиро со голава постигна гол по корнерот кој го изведе Крос.

Во финишот на првиот дел Манзано му поништи регуларен гол на Бојс. Според судијата играчот на Малага направил фаул врз Карвахал.

Храбро играше Малга и во вториот дел и за таквиот пристап беше наградена со уште еден гол. Чори Кастро со удар од 30-тина метри го совлада Касиља во 58.минута.

Конечниот резултат го постави Роналдо во 76.минута. Хернадес имаше задоцнет старт врз Модриќ пред својот гол, Манзано покажа на белата точка. Голманот Хименез му го одбрани пеналот на Роналдо, но одбиената топка се врати кај Португалецот која ја спроведе во голот.

Реал сега има 27 бода, три помалку од Валенсија и седум од Барселона. Водечките две екипи в недела ќе го одиграат дербито на „Местаља“ во Валенсија.

Scroll to Top