Поранешниот француски репрезентативец, Кевин Гамерио, се наоѓа пред трансфер во Стразбур. Гамерио, во овој клуб ја започна успешната кариера.
Француските медиуми пишуваат дека е прашање на денот кога двете страни ќе постигнат конечен договор. Гамеиро е слободен играч откако му заврши договорот со Валенсија.
Покрај во Стразбур, тој во кариерата играл во Лориен, ПСЖ, Севилја, Атлетико Мадрид и Валенсија.
Со ПСЖ бил првак на Франција, со Валенсија има трофеј во Купот на Шпанија, а со Севилја и Атлетико четири пати бил победник во Лига Европа.