Top Sport

Гана ја елиминираше Нигерија, Сенегал и Египет играат продолженија

Гана е првата африканска репрезентација која обезбеди пласман на Светското првенство во Катар, откако одиграа 1:1 на гостувањето кај Нигерија по домашните 0:0, додека лутите ривали Сенегал и Египет играат продолженија, откако Сенегал имаше 1:0 предност по 90-те минути, поништувајќи ја предноста на „фараоните“ од првиот меч.

Ѕвездата на Арсенал, Томас Парти донесе предност за Гана во 10. минута од мечот, пред Вилијам Труст-Еконг во 22. минута да израмни од пенал. Нигеријците постигнаа уште еден гол преку Виктор Осимен, но тој беше поништен поради офсајд.

Во Дакар пак, Булаје Дија веќе во 3. минута донесе предност за Сенегал во репризата на финалето на Африканскиот куп.

Scroll to Top