Фудбалерот на Баерн Минхен, Серж Гнабри, добил понуда од клубот да го продолжи договорот. Баерн е подготвен да ги исполни барањата на фудбалерот, му понудиле годишна плата помеѓу 17 и 19 милиони евра. Според германските медиуми, Гнабри се размислувал дали да ја прифати понудата, сакал поголема улога во тимот, доколку не добие гаранции бил подготвен да си замине.
Гнабри е разочаран од третманот во клубот, сметал дека клубот повеќе ја гради играта околу Коман, Кимих и Горецка, но не ја исклучува можноста да остане до крајот на договорот (лето 2023).
Баерн сака да го спречи Гнабри да остане без обесштетување, но нема намера финансиски да ја „засили“ понудата. Во случај Гнабри да ја одбие понудата тогаш Баерн ќе го продаде фудбалерот, бидејќи не сака да му се повтори случајот Алаба, кој минатото лето без оштета го напушти клубот.