Top Sport

Гардијан: Челси чека понуди за Кепа

Челси во летниот преоден рок ќе го стави на трансфер листата голманот, Кепа Аризабалага. Клубот од „Стенфорд Бриџ“, во летниот преоден рок во 2018 година, за Кепа на Атлетик Билбао им плати 80.000.000 евра.

Почетокот на кариерата во Челси, за најскапиот голман во историјата, беше кошмарен. Како да не успеа да го издржи притисокот, поради лошата форма, тогашниот менаџер Френк Лампард го донесе Сенегалецот Едуард Менди.

Менди, се избори за своето место во тимот, а на Кепа му остана на брани во споредните натпреварувања (Лига и ФА купот).

Оваа сезона добро го искористи отсуството на Менди, кој со Сенегал го освои Афринакскиот куп. Поради формата во која се наоѓа во Челси се надеваат дека ќе можат добро да заработат од неговиот трансфер.

„Челси го чека летниот преоден рок за да го продаде Кепа. Чекаат само добра понуда. Кепа беше во лоша форма кај Лампард, многу е подобар откако во клубот дојде Тмас Тухел. Поради тоа Челси се надеваат дека ќе можат да го продадат во некој од шпанските великани“, пишува Гардијан и додава.

„Додека Менди беше на Африканскиот куп, Кепа блескаше на голот. Тој е заслужен за елиминацијата на Тотенхем во полу-финалето во Лига купот, на Светското првенство за клубови имаше две импресивни одбрани против Ал-Ахли. Стана и експрерт за пенали. Сезонава го предводеше Челси до три победи по изведувањето на пенали“.

Scroll to Top