Top Sport

„Гардијан“ контра Златко Далиќ: Англија има три, а не еден медал во последните 58 години

Хрватска денеска во Хамбург од 15 часот ќе го одигра вториот натпревар на Европското првенство. Противник ќе и биде Албанија.

Победата е императив за избраниците на селекторот Златко Далиќ, бидејќи секој друг резултат би бил тежок удар во битката за осминафиналето откако Шпанија во првото коло ја совлада Хрватска со 3:0.

На прес-конференцијата ден пред натпреварот, Златко Далиќ, повторно се пожали бидејќи смета дека Хрватска не е доволно почитувана.

„Не знам која репрезентација покрај Франција во континуитет прави добри резултати. Секогаш велам дека Хрватска заслужува многу поголема почит. Имаме три медали, а Англија има еден во 58 години и тие се златни, но ние сме храбри и борбени, а доказ се 100.000 Хрвати во Берлин.

Знам дека по поразот од Шпанија има многу негативни реакции, но се надевам дека ќе дадеме се од себе повторно да бидеме она што сме“.

Англиски „Гардијан“, во својот текст му реплицираше на Далиќ.

Го потсети хрватскиот селектор дека покрај титулата светски шампиони на домашен терен во 1966 година, Англија беше втора на последното Европско првенство и освои бронза во Лигата на нации во 2019 година.

Scroll to Top