Top Sport

Гардијан: Левандовски е број 1 во светот

„Гардијан“, изминатите денови ја објавуваше листата на која се наоѓаат 100.најдобри играчи во светот. Денес, овој медиум ги објави имињата на најдобрите десетмина.

Според „Гардијан“, во светот нема подобар играч од Роберт Левандовски. На овој начин „Гардијан“, според многумина ја исправи неправдата која на Полјакот му се случи на доделувањето на Златната топка. На почетокот на овој месец, Златната топка му припадна на Лионел Меси.

„Гардијан“, на Аргентинецот му ја додели третата позиција. Меѓу Левандовски и Меси се наоѓа голгетерот на Ливерпул, Мохамед Салах.

„Полјакот станува првиот играч кој го задржал првото место по Лионел Меси во 2013 година, на оваа листа тој доби 115 од можните 219 гласови. И не е изненадување – неговите голгетерски подвизи продолжуваат да и пркосат на логиката. До средината на декември тој постигна 66 гола во 57 натпревари за клубот и репрезентацијата. На крајот на сезоната 2020/21 ја освои својата седма титула во Бундеслигата, но Баерн не беше во можност да го повтори триумфот во Лигата на шампионите, Баерн во четврт-финалето испадна од Пари Сен Жермен. Баерн двата натпревари ги одигра без Ледвандовски, кој беше повреден“, пишува „Гардијан“.

Во Топ 10 на оваа листа се и Карим Бензема, Жоржињо, Килијан Мбапе, Ерлинг Халанд, Кристијано Роналдо, Нголо Канте и Кевин де Брујне.

Scroll to Top