Шпанецот Хави Гарсија бил изненаден од одлуката на клупските челници да му врачат отказ. Вотфорд лошо влегоа во новата сезона, поради што Гарсија го напушти клубот по само четири одиграни натпревари, во кои клубот освои само еден бод.
„Ме изненади соопштението дека мојот договор е раскинат по само четири натпревари. Ја почитувам таа одлука и сигурен сум дека мојот однос со сите во клубот ќе остане многу добар. Благодарен сум што добив можност да го предводам клубот во Премиер лигата“, порачал Гарсија.
Под водство на Шпанецот, Ворфорд минатата сезона завршија на 11 место во Премиер лигата и играа во финалето во ФА купот.
На местото на Гарсија клупските челнци го ангажираа Кике Санчез Флорес, кој го водеше овој тим во сезоната 2015/2016. Флорес ќе дебитира против Арсенал на 15 септември.