Top Sport

Гарсија објасни зошто Осимен беше резерва против Лече

Тренерот на Наполи, Руди Гарсија се обиде да објасни зошто Виктор Осимен натпреварот со Лече го започна како резерва. Неговото место во тимот го зазеде Џовани Симеоне. Наполи победи во Лече со 4:0.

Нигериецот на теренот влезе на стартото од второто полувреме и само пест минути му беа потребни да постигне гол.

„Момците знаат дека мора да бидат целосно концентрирани на натпреварот, бидејќи неколку дена подоцна имаме нов натпревар, а овој натпревар се играше на сонце и висока температура. Мора да има ротација во тимот, сменив една третина од тимот во однос на натпреварот со Удинезе. Природно е да искористиш се што имаш“, изјави Гарсија.

Осимен во последните денови беше во центарот на вниманието бидејќи најави дека ќе го тужи клубот за кој настапува поради објава на ТикТок.

Клубот подоцна објави дека намера со видеото не била да се навреди Осимен, кој е „вистинско богатство на клубот“.

Тие тогаш потврдија и дека одбиле неколку понуди за трансфер на играчот во летниот преоден рок.

Scroll to Top