Top Sport

Гаскоњ обвинет за сексуален напад во воз!

Британската фудбалска легенда, Пол Гаскоњ е обвинет за сексуален напад на жена во воз од Јорк до Дурам во инцидент кој се случил на 20 август.

Според британската полиција, 51-годишниот Гаскоњ, кој во текот на својот живот има голем број на проблеми со алкохолот и со злоупотребата на супстанции, сега е обвинет за допирање на жената во возот и ќе мора да се појави пред судот во Њутон Ајклиф на 11 декември.

Гаскоњ својата кариера ја започна во родниот Њукасл јунајтед во 1988, по што играше за Тотенхем, Лацио и Глазгов Ренџерс. Тој беше сметан за еден од најталентираните фудбалери од средниот ред во историјата на Англија, за која настапи 57 пати, најзабележително на СП во 1990 и на ЕП во 1996 година.

Минатиот месец тој требаше да влезе во Шкотската куќа на славните во фудбалот, но поканата беше повлечена поради загриженост за неговото здравје.

 

Scroll to Top