Top Sport

Светскиот куп за Морозов и Шестрем

Владимир Морозов во машка и Сара Шестрем во женска конкуренција, победија на Светскиот куп во пливање, што се одржа во Сингапур. Морозов и Шестрем од Светската пливачка федерација (ФИНА) освоија по 150.000 долари. 26-годишниот руски пливач, освои и дополнителен „џек-пот“ од 50.000 долари, бидејќи бил најуспашен на турнејата по Азија (Пекинг, Токио, Сингапур).

Последниот викенд, во Светскиот куп, пливачката елита се натпреваруваше во Сингапур, а Морозов победи на 50 и 100 метри слободно, на 50 метри пеперутка и 100 метри мешано.

Зад Морозов, во вкупниот поредок кај мажите се пласираа неговиот сонародник Кирил Пригода и Американецот Мич Ларкин. Овие двајца од ФИБА добија 100.000 и 50.000 долари.

Многу поголема борба за победа во вкупниот пласман се водеше во женска конкуренција. На крајот Шестрем за 33 бода ја победи легендарната Унгарка Катинка Хошу. Третото место во генералниот пласман и припадна на Ранома Кромовиџоџо од Холандија.

Scroll to Top