Top Sport

Гаскоњ: Подобар бев од Фоден, дури и кога играв пијан

Пол Гаскоњ ги отфрли споредбите со Фил Фоден, велејќи дека никој не бил толку добар фудбалер како него, дури и кога играл во алкохолизирана состојба.

Ѕвездата на Манчестер сити, Фоден стана хит во Англија откако ја обои косата во бело за да наликува на Газа од Европското првенство во 1996 година и призна дека има инспирација од легендарниот фудбалер, но Газа вели дека никој не може да се споредува со него.

„Никој не се споредува со Газа. Можам да ги победам сите со затворени очи, и тоа со шише виски во мене и со неколку бакардија“, вели Гаскоњ во разговор со својот поранешен соиграч од репрезентацијата, голманот Дејвид Симан.

Сепак, тој верува дека „трите лава“ можат до добар резултат.

„Сигурно имаме шанса за титулата, бидејќи имаме фантастични напаѓачи, а добри сме и во одбраната. Притисокот е тука, бидејќи ираме на ‘Вембли’ и сме најблиску до успех од таа 1996. Французите се фаворити, но имаме тим кој може да го изддржи притисокот“, објаснува Газа.

Scroll to Top