Top Sport

Гаскоњ покажа дека има големо срце

Пол Гаскоњ беше фантастичен фудбалер со големо срце, покажувајќи го тоа на теренот и надвор од него, без разлика на проблемите со алкохолот и со животниот стил.

Популарниот Газа играше за Њукасл, Тотенхем, Ренџерс и Мидлзборо во кариерата, и секогаш ќе остане запаметен кај Англичаните по настапот на Светското првенство во Италија.

По пензионирањето, англиските медиуми главно се концентрираат на неговата борба со алкохолизмот и бизарното однесување. Но, сега, тој уште еднаш покажа колку е голем.

На апелот за помош на еден родител за помош за неговата ќерка со пречки во говорот откако медицинската опрема и била украдени, Гаскоњ, кој заработи и потроши милиони во кариерата, веднаш донираше 1.000 фунти.

Гест за почит.

Scroll to Top