Top Sport

Лудиот Стивенс ја кани на состанок мајката на Мекгрегор

ММА борецот Џереми Стивенс упати жестока провокација на адреса на најголемата УФЦ ѕвезда Конор Мекгрегор. Стивенс во изјавата ја кани мајката на Мекгрегор на состанок.

Вербалната „војна“ овие двајца ја почнаа откако Мекгрегор на една прес-конференција жесто го навреди Стивенс со зборовите „Кој е…овој лик?“ Од тој момент американските медиуми немилосрдно го исмејуваат овој борец.

Стивенс неколкупати му возвраќаше на Мекгрегор, а со последната своја изјава удри „под појасот“.

„Неговата мајка изгледа прилично добро. Можеби неговиот татко може да нè собере со тексито, кое некогаш го возеше, и би можел да нè однесе мене и неговата мајка на состанок. Брат, само погледни ја. Воопшто не изгледа лошо. Тое е една дама. Секогаш може да дојде кај мене, ќе најде рака која сака да ја гали“, порачал Стивенс.

Тој приложувајќи фотографија на која е со госпоѓа Мекгрегор му порачал на Конор: „Твојата мајка знае кој сум“.

Scroll to Top