Top Sport

Гасперини ќе ја предводи Рома

Џанпјеро Гасперини ја напушта Аталанта по девет години, неговиот следен клуб ќе биде, како што беше објавено пред неколку дена, Рома.

Италијанските медиуми во петокот објавија дека архитектот на најголемите успеси на клубот од Бергамо ја прифатил понудата од Римјаните, и не само тоа, тој ја прифатил понудата откако го одбил Јувентус, кој исто така бара тренер.

Гасперини од Рома ќе добие три годишен договор тврди „Газета дело Спорт“.

Дури ни долгиот телефонски разговор со генералниот директор на Јувентус, Дамиен Комоли, во петокот во текот на денот, не бил плоден за „бјанконерите“. Убедувањата на Комоли не успеале.

Фактот дека Џорџо Кјелини, инаку голем обожавател на делото на Гасперини, сега е во раководството на Јувентус, исто не бил доволен да го убеди искусниот тренер да ја прифати понудата од Јувентус.

Ден пред разговорот со генералниот директор на Јувентус, Гасперини одржал темелни и суштински преговори со претставниците на Рома, исто така по телефон, и тогаш веќе знаел во која насока ќе оди неговата кариера.

Гасперини ќе го наследи миленикот на навивачите Клаудио Раниери, кој направи мало чудо минатата сезона, успеа да го освои петтото место, откако го презеде клубот кога се наоѓаше на 13-та позиција.

Scroll to Top