Top Sport

Гасперини му одговори на Папу Гомез: Непочитувањето дојде од негова страна

Аргентинскиот репрезентативец Алехандро „Папу“ Гомез тврди дека морал да замине од Аталанта откако тренерот на тимот, Џанпјеро Гасперини се обидел физички да се пресмета со него откако тој не ги послушал советите на мечот од Лигата на шампионите против Митјиланд.

Гомез по шест успешни сезони со Аталанта, си замина во Севилја во јануари, и сега првпат открива дека причината за заминувањето било обидот за физички напад од Гасперини.

„Не го послушав со тактичките совети. Имаше 10 минути до крај на првото полувреме и тој побара да играм на десната страна, иако играв добро на левата. И му кажав не. Тогаш, пред камери, беше нормално да се налути. Знаев дека ќе ме повлече од игра на полувреме. Но, во соблекувалната, тој ги премина границите и се обиде физички да ме нападне. Тоа не можев да го толерирам и побарав состанок со претседателот. Му кажав дека немам проблем да продолжам, бидејќи како капитен не се однесував најдобро, но ми беше потребно извинување од Гасперини. Претседателот немаше мадиња да го побара тоа од Гасперини и тоа беше крај“, вели Гомез, кој постигна 50 гола во повеќе од 200 настапи за клубот.

Гасперини, пак, тврди дека вистината е поинаква.

„Вистинската причина за заминувањето е неговото сериозно непочитување кон сопствениците на клубот. Однесувањето на Гомез на теренот и надвор од него стана неприфатливо за сите. Физичкиот напад дојде од него, а не од мене“, вели Гасперини.

Scroll to Top