Top Sport

Тим нема да ја брани титулата од Њујорк, паузира до крајот на сезоната

Австрискиот тенисер Доминик Тим објави дека нема да ја брани својата прва гренд слем титула на САД опен ова лето, решавајќи да стави предвремен крај на сезоната 2021.

Светскиот рекет број 6 страда од повреди и од слаба форма цела сезона, а посебно со повредата на зглобот на раката на Мајорка опен пред Вимблдон.

„Опоравувањето одеше навистиан добро, но минатата недела при еден удар на тренинг повторно почувствував болка. Веднаш отидов кај докторите и се согласивме дека е потребно време да се опоравам“, вели Тим.

Бидејќи нема да ги брани сите поени оваа сезона, тој ќе испадне од топ 10 на почетокот на 2022 година.

Scroll to Top