Top Sport

Гасперини: Само Интер со Конте можат да го предизвикаат Јувентус

Тренерот на Аталанта, Џанпјеро Гасперини тврди дека Интер се единствениот тим кој може да му биде ривал на Јувентус за скудетото и се надева дека тие ќе продолжат со Антонио Конте и покрај шпекулациите во италијанските медиуми дека тој е подготвен да замине поради недостатокот на поддршка од управата на клубот.

Аталанта загуби со 2:0 од „нераѕурите“ во саботата за Интер да го потврди второто место на табелата со само еден поен зад Јуве, по што следуваше остриот напад на Конте поради премалата поддршка која ја добиваат.

„Не знам што се случило, ја следев приказната и тешко е да се оценува надвор од клубот. Со Антонио се сретнавме како пријатели, добив комплименти какви што ретко се добиваат од колега. Јас мислам дека тој заврши фантастична работа, а на крајот на сезоната сите бевме слаби со енергија. Се надевам дека ќе ги поправи односите, бидејќи тие се единствениот тим кој може да биде ривал на Јувентус“, вели Гасперини.

Scroll to Top