Top Sport

Хабиб: Подготовките без мојот татко се сосема поинакви

УФЦ шампионот во лесна категорија Хабиб Нурмагомедов признава дека подготовките за мечот со Џастин Гетџи се сосема поинакви во првиот меч по смртта на неговиот татко и ментор, Абдулманап.

Минатата недела беше потврдено дека Хабиб ќе се судри со преодниот шампион Гетџи на 24 октомври, најверојатно на „Островот на борбите“ во Абу Даби. Ова ќе биде прв дуел на Хабиб без неговиот татко, кој почина на 57 години од компликации по КОВИД-19. По тагувањето за него, Хабиб преку Инстаграм на руски јазик објасни дека подготовките ќе бидат многу различни и дека ќе работи со американскиот тренер Хавиер Мендез.

„Ќе биде многу тешко да се подготвиме, но во септември ќе бидам со Американската кик-бокс академија (АКА). Ми недостасуваше тренерот Мендез“, напиша Нурмагомедов.

Хабиб работеше со Мендез во март, кога се подготвуваше за откажаниот меч со Тони Фергусон, пред да се врати во Дагестан поради короа вирусот. Фергусон влезе во борба со Гетџи, кој го нокаутираше во петтата рунда.

Scroll to Top