Top Sport

Гасперини тренер на годината, специјална награда за Михајловиќ

Стратегот на Аталанта од Бергамо Џанпјеро Гасперини е избран за тренер на годината во Италија. Покрај Гасперини специјална награда добил неговиот колега од Болоња, Синиша Михајловиќ.

Гасперини од 2016 година постигнува неверојатни резултати со малиот клуб од Бергамо. Аталанта го игра најубавиот фудбал во Италија, согласни се новинарите, а со Гасперини на чело изборија пласман во Лигата на шампионите, ја минаа групата и го чекаат осмина-финалното соочување со Валенсија.

Аталанта е првиот тим во историјата на Лигата на шампионите што изборил осмина-финале откако ги загубил воведните три натпревари.

Михајловиќ доби награда бидејќи борејќи се со леукемијата им давал пример на сите да бидат силни и храбри. Српскиот тренер на почетокот на сезоната тренинзите и натпреварите на својот тим ги водеше од болничката постела.

Scroll to Top