Top Sport

Мбапе и Тухел на „пеење“ кај Леонардо

Меѓучовечките односи во Пари Сен Жермен се проблем од моментот кога богатите сопственици решија за светски рекорд да го реализираат трансферот на Нејмар. Таму секогаш има некакви несогласувања, а од декември до саботата два пати во клинч беа тренерот Томас Тухел и Килијан Мбапе.

Младиот напаѓач во 65 минута збесна кога на таблата го виде својот број, односно дека Тухел го вади од теренот. Германскиот тренер потоа се обиде да му објасни зошто се решил на таков потег, но Мбапе не беше заинтересиран да слушне што има да му каже тренерот.

Напаѓачот ден потоа побарал тој и тренерот да одржат состанок во присусттво на спортскиот директор Леонардо.

Тренерот наводно рекол дека го повлекол играчот бидејќи не сакал да ризикува евентуална повреда и дека смета на него за мечот во вторник против Ним.

Челниците на ПСЖ не сакаат да го лута младиот напаѓач кого медиумите го поврзуваат со Реал Мадрид. Договорот на Мбапе со „светците“ истекува во 2022 година, а главна цел на челниците е тој да го продолжи договорот.

Мбапе збесна кога Тухел го повлече од теренот (Видео)

Scroll to Top