Top Sport

Гасперини, творецот на модерната Аталанта ќе го напушти клубот

Творецот на Аталанта, Џанпјеро Гасперини, како што сега стојат работите ќего напушти клубот.

Италијанските медиуми објавуваат дека претставниците на клубот, со исклучок на сопственикот Стив Паљука од една страна, и тренерот Гасперини од друга страна, одржале состанок на кој, била одредена понатамошната судбина на искусниот тренер.

По состанокот, според извештаите, Гасперини е поблиску до заминување од клубот, кој во изминатите девет години, од провинциски, стана респектибилен европски клуб. Минатата сезона Аталанта ја освои титулата во Лига Европа.

Гасперини создаде препознатлив стил на игра, го создаде идентитетот на клубот, лансираше неколку играчи на врвот на Серија А.

Но, Гасперини смета дека е време за нови предизвици.

Односот на Гасперини со клупските челници сè уште е хармоничен, иако во последните месеци имаше некои несогласувања околу трансфер политиката.

Двете страни оставија простор да постигнат договор, а според медиумите се треба да биде јасно најдоцна до понеделник.

Сепак, според Италијанците, двете страни првенствено ќе го искористат овој период на пауза за да бараат нови опции пред да размислат за продолжување на соработката.

За Гасперини, новиот предизвик може да биде Рома, а нов тренер на Аталната би можел да биде поранешниот ученик на Гасперини, Тијаго Мота.

Scroll to Top